Централната банка на Унгарија најави дека ќе ги даде старите пари како помош за оние кои што им е најпотребна, во броба против ладниот бран кој ја зафати Европа.
Банката старите снопови банкноти ќе ги донира како брикети да послужат за огрев на разни хуманитарни организации. Готовината која ќе се исече ќе биде во вредност од 16000 евра, а самиот процес на сечење на парите ќе биде под засилено обезбедување и работниците ќе мораат да носат гардероба без џебови.