Оригиналниот прототип на Ferrari 250 GT California Spyder ќе се најде кон крајот на август на аукција во градот Пебл Бич, САД.
Моделот бил конструиран за американскиот пазар, а оригинално е произведен само во 50 примероци.
Се очекува овој прототип на аукцијата да достигне цена од 6 до 8 милиони долари, но со оглед на неговата историја и значајност можно е некој да издвои и повеќе пари.