Пред неколку месеци во Лондон беше забележано мистериозно Ferrari. Неколку извори потврдија дека тоа е единствен модел создаден специјално за музичарот, Ерик Клептон. Сега Ferrari тоа го потврди и официјално, а името на автомобилот е SP12 EC.
Моделот е базиран на 458 Italia моделот, меѓутоа со многубројни подобрувања. Иако музичарот сакал 6,0 литарски V12 мотор, сепак сите индикации наложуваат дека автомобилот има 4,5 литарски мотор. Автомобилот вреди фрапантни 3 милиони фунти.