Упатство за употреба на машкото срце

popara29 февруари, 20121min00
3

Респектирај се себе си. Никогаш не дозволувај да бидеш понижувана. Знај си ја цената и прави компромиси само до одредена граница. Мажите оние жени без самодоверба, не ги сваќаат сериозно. Не гледаат во нив партнерка, а само краткотрајна забава. Тие паѓаат на силни жени што пред се се сакаат самите себе.

Основно правило – никогаш не кажувај на маж дека го сакаш, дури и да е така. На нас ако ни ги упатат овие зборови, ние се топиме, но на машкото его тие делуваат на друг начин – „И таа ми падна во рацете!“ И толку ќе биде…Не заборавајте дека генетски мажите се ловци и не трчаат по веќе уловен плен, па на хоризонтот ќе претрча нова срна…

Треба да почуствуваш и да си сигурна дека тој е достоен за твојата љубов. Да бидеш со некого кој не ти се посветил целосно, едноставно не заслужува…

Наместо со зборови, подобро е со гестови да му покажеш дека нешто ти значи, но не премногу. Од премногу внимание мажите се ладат. Ако му дадеш се, нема зошто повеќе да се бори нели?

Ако почуствуваш дека полека се заладуваат односите помеѓу вас, а сеуште многу го сакаш, сепак најди сили и ти прекинија врската, зошто ако тој прв го стори ова, ќе ти биде многу погадно. Едноставно не го губи своето скапоцено време, со човек и во врска што не го заслужуваат. Не се помирувај со ништо помалку.

Не дозволувај да ти поставува правила, како на пример „нема да излегуваш со пријателките“. Како молам?

Никогаш не прави нешто што не сакаш, само за да му се допаднеш. Прави го само она што ти го сакаш, независно дали тој прифаќа или не. Нема потреба да се правиш она што не си. Тој што те сака, ќе те сака точно таква каква што си, не го заборавај ова!

Компромиси да, но пази ја својата лична територија и своето право на глас и избор. Ако го изгубиш уште сега, ќе биде „тешко тебе“ понатака…Зад секој успешен маж стои силна жена, а не прегазена жена!

Внимавај со своите пријателки. Најслатко е забранетото. Не ги оставај сами и внимавај на секој страстен поглед. Од лично искуство ви кажувам.

Ако забележиш дека тој разговара со неа за тоа, дека неговиот пријател сака да ја запознае, биди 50% сигурна дека помеѓу нив има нешто.

Во ваков случај, колку и да ти е тешко, треба да разбереш дека таа не ти е вистинска пријателка, а тој не те заслужува. Во чувствата меѓу луѓето има закони кои по никоја цена не треба да бидат нарушени.

Љубовта бара или се или ништо. А мажот што вистински те сака ќе ти даде се без размислување…така ќе го препознаеш!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag