Девојките кои блескаа во долгите тоалети на New York City Ballet веројатно не ги облекле фустаните со намера некој да оди по нив, но, сепак несреќи се случуваат!
Ен Хатавеј и ангелот на Victoria’s Secret, Каролина Куркова следниот пат два пати ќе размислат пред да облечат долги фустани на црвениот тепих. И на вакви гламурозни настани каде целата процедура е испланирана до послениот детал, незгодите секако се возможни.
Го почувствувале тоа и на своја кожа, поточно на тоалетите, и Ен и Каролина кога невнимателни гости им газеле по долгите свечени тоалети. Изгледа само Сара Џесика Паркер се ‘извлекла’.
Фотографите го забележале моментот кога невнимателен господин и застанал на свечената тоалета на Ен Хатавеј, за време на излегувањето од автомобилот. Симпатичната актерка се свртела и до срце му се насмевнала на стариот господин кој се извинил за својата небрежност и со својата едноставност ги освоила сите присутни.