Шофер на автобус во кинескиот град Венџоу од чиста мира нападнал една жена на улица и почнал да и го јаде лицето.
Според пишувањето на локалните медиуми возачот на автобусот по име Дунг, излегол од автобусот и застанал пред автомобилот на една жена. Потоа се качил на автомобилот почнал да скока и да удира по него, а жената во паника почнала да вреска.
Жената излегла од автомобилот, а шоферот веднаш и се нафрлил, ја легнал на земја и почнал да и го гризе лицето и да ја јаде нејзината кожа.
Несреќната жена била облиена во крв, а минувачите се обидувале да и помогнат. Сепак, тоа на крај го направила полицијата и веднаш го уапсила канибалот.
Жената била префрлена во болница, од каде лекарите јавиле дека ќе мора да прави пластични операции на носот и усната.