Откако го освоија Лос Анџелес, продолжија во британската престолнина – Лондон.
Таму се одржа британската премиера на ‘The Twilight Saga: Breaking Dawn Part 2’ , а главните актери, Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон повторно биле во центарот на вниманието.
Иако светот го потресе неверната љубовна афера на Кристен, која ја заниша нивната врска, минатата ноќ, исто како и во Лос Анџелес насмеани позирале на црвениот тепих.
Кристен била апсолутно прекрасна, 22- годишната актерка се одлучила за светкав комбинизон од Zuhair Murad, кој одлично и прилегал. Од предната страна проѕирен, а од задниот ‘отворен’. Ја скокотка фантазијата, мораме да признаеме!