До 21 декември, кога според календарот на Маите се очекува судниот ден, останаа малку повеќе од три месеци, ширум светот луѓето се подготвуваат за дочек.
Сто дена останаа до 21 декември 2012 година, кога според календарот на древниот јужно-американски народ Маите, ќе се случи крајот на светот. Иако сеуште никој не знае како крајот на светот ќе изгледа, луѓето од целиот свет се подготвуваат за Судниот Ден. Некои крајот на декември ќе го поминат на местото на Маите во Мексико, други организираат луди забави, а некои се обидуваат за секој случај да најдат место на кое би можеле да го преживеат судниот ден.
Затоа планинскиот врв на јужниот дел на Франција, Pic de Bugarach, е привремен дом на околу 22.000 луѓе кои очекуваат дека на 21 декември токму во тоа место ќе бидат спасени од крајот на човечката цивилизација. Локалните жители забележуваат дека многу од нив носат бели фустани, а некои воопшто не се срамат да шетаат скорз голи.
Британското семејство Петерс е убедено дека силна сочева олуја во декември оваа година целосно ќе го уништи животот на Земјата, па започнале подготовки за крајот на светот. Во очекување на глобалната катастрофа, главата на семејствотот Лари собира храна, вода, гас и ќебиња.
Петерс во куќата инсталирале голем агрегат, обезбедиле храна доволна за два месеци, а одгледуваат и десетина кокошки, од кои секојдневно ќе добиваат јајца. Во градината позади куќата одгледуваат зеленчук. Околу 12.000 евра дале за џип, во кој ако е потребно ќе се евакуираат, а купиле и ловечки пушки и резервоар за вода со капацитет од 2500 литри.
За разлика од нив, на југоисточниот дел од Мексико, на територијата каде живееле Маите, внимателно планираат прослави кои траат во текот на целата година. Мексичката туристичка агенција очекува дека до 12-ти декември 2012 овој регион ќе го посетат околу 22 милиони странци.
Инаку, поред верувањето на древните Маи, 21 декември 2012 година, се завршува одбројувањето на големиот временски циклус, на големиот календар и настапува крајот на светот. Овој датум се поклопува со ретка астрономска појава која се случува еднаш во 230 милиони години.
Токму на 21 декември 2012 година, линија на Сончевиот систем ќе се изедначи со линијата на Млечниот Пат, а според некои истражувања, уште две галаксии ќе бидат усогласени со нашата.
Соларната бура ќе ни пресуди
Можното сценарио за крајот на светот беше најавено од страна на Американската вселенска агенција НАСА, која тврди дека во следните три години Земјата би можеле да ја потресат турбулентни процеси на Сонцето. Се предвидува дека би можела да настане бура на Сонцето од огромни размери, чија енергија би влијаела на сите електронски уреди.
Тогаш ќе исчезне интернетот, можноста за телекомуникации, а на крајот и електичната енергија.
Последиците би биле поголеми во развиените земји, бидејќи нивната економија не би постоела без електрична енергија и телекомуникации. Такво нешто, судејќи според се, може да произведе нови војни чија цел ќе биде “борба за опстанок”.
Се што треба да направите пред апокалипсата
1. Бакнувајте ги и прегрнувајте ги оние кои ги сакате, водете љубов што почесто
2. Кажете им на сите искрено што мислите за нив
3. Трошете пари на работи кои ве прават среќни
4. Посетете ги местата кои отсекогаш сте посакувале
5. Склопете ја, конечно, Рубиковата коцка
6. Одете што почесто во природа и присетувајте се на времињата кога ‘BlackBerry’ и ‘Apple’ беа само овошје
7. Поминете еден ден без Facebook
One comment
Mockooo
12 септември, 2012 at 18:28
Yaoo to4no uste 100 dena