Овој традиционален индонезиски десерт, ќе ве остави без здив. Вкусен, крцкав, и мек се служи со шеќер во прав, а совршено прилега со топка сладолед.
Бананите изгмечете ги, додајте го шеќерот и брашното во кое сте додале прашок за пециво и замесете го тестото.
Со помош на лажица, вадете го тестото во облик на топки или неправилни облици по желба , па пржете ги во загреано масло, во подлабок сад.
Кога уштипците ќе добијат златно-кафена боја, извадете ги на хартиена салвета, за да го упијат вишокот од маснотии. Пред послужување посипете шеќер во прав по желба , послужете со топка сладолед од ванила или бурбон.
Потребни состојки:
- 2 зрели банани
- 2 лажици кафеав шеќер
- 100гр брашно
- ½ – лажиче прашак за пециво
- 500мл зејтин
- 2 лажици – кокосово брашно