Успехот е да веруваш во себе!

popara22 март, 20121min00
000

За успехот е пишувано толку многу, што сигурно нема да кажам нешто радикално ново. Можеби тоа што можам да го направам е да го кажам на нов начин, или да го кажам повторно, зошто можеби токму сега некој е спремен да го слушне и разбере тоа и е отворен да го прочита тука и напишано од мене, наместо од некоја сериозна книга.

И така…

Луѓето што успеале,  биле активни. Активни се, зошто веруваат во себе. Веруваат во себе, зошто имало кој да застане зад нив. Тоа е!

Ако сакаме да успееме, потребен ни е барем еден човек кој да верува во нас повеќе отколку ние веруваме во себе. И да застане позади нас и нашите дела. Зошто грешки секој од нас прави постојано и нема потреба да си ги затвараме очите пред очевидни работи, кои се разминуваат со желбите. Но кога некој ќе застане позади тебе како личност и човек со сите човечки предности и недостатоци, ние ја носиме онаа увереност, кој ги прави задачите лесни, дури и кога се тешки. Човек, кој кога ќе паднеш, ќе ти покаже дека имаш причина зошто да станеш. Во тие моменти е многу тешко да бидеш сам…ужасно тешко. Кога целиот свет ти се руши, ти треба некој рака да ти подаде.

Многу луѓе делуваат и после велат:  „Е сега ќе почекам малку да видам реакција од моите дела.“ Ама ако реакција немало до сега, нема ни да има. Се изморуваме не толку од делата, колку од чекањето на конкретни резултати. Ако резултатот не се поавил, значи не било тоа што сте го направиле, она вистинското.

Затоа почнете од назад, кон напред:

Најдете некој кој верува во вас, повеќе отколку вие во себе. Раскажете му каков успех сакате и замолете го да ве потсетува повремено каде сакате да стигнете. Ние знаеме каде, но често забораваме нели?

Бидете активни! Секој ден. Имам во предвид реална активност . Што значи не седење дома, чекање и сонување. Направете нешто за кое можете да кажете „Го направив тоа!“, а не „Си помислив!“

Најдете некој во кој верувате повеќе, отколку тој верува во себе. Кажете му дека сакате да сте со него по патот кон постигнувањето на некој посакуван успех. И одвреме навреме подсетете го кон каде се насочил. Бидејќи, не треба да заборавиме, какво е чувството, кога ти треба нечија помош, нечија подршка, нечие рамо за плачење, а ги немаш…направи добро и очекувај добро!

Ајде со среќа! И чекам да се пофалите во најбрзо време, со некој, мал или голем – не е важно – успех да е!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag