Утрото после љубовна ноќ…

popara4 март, 20121min00
1

Една од ноќите, во кои ги допирам ѕидовите, за да се ориентирам во границите на твојот дом. Собирајќи ја мојата облека расфрлана насекаде по подот. Барајќи ја едната 12-ет сантиметрова штикла…Барајќи ја излезната врата. За да избегам. Од тебе. Од мене. Од нас.

Забрана. Што ја нарушувам секој пат, во огромни количини. Само за да избегам, а потоа повторно да се вратам. Кај тебе, во твојот дом, во твојот кревет.

Клетва. И покрај клетвата и зборовите, кои ќе бидат забивани во мене, во мојата личност, раскинувајќи ме помеѓу правилното и погрешното. Таа се обидува да ме раскине, таа совеста.

Ветување. Што нема да го одржам…и оваа вечер. Се мразам ваква. Кога прекршувам се што сум си ветила и сум се колнела пред себе и пред Бога. Безодговорна. Таа ќе се обиде да ме спречи, да ме сопне и собори по патот, кој сум го поминала многупати до сега…патот до тебе…Таа – мојата совест.

Проклетство. Што ме следи. Кое ме води право и единствено во твоите раце. Ме држи окована, прикована, залепена, преплетена…до, над, под тебе…ти – во мене. А после отровот. Од оние кои не се доволни да те убијат, но од нив се полудува. Отровот кој ќе треба да го испијам – моето чувство за вина.

Тајна. Која треба да ја носам со себе. И никогаш да не ја изустам на глас. За да имам право да се прикрадам тивко, на темно и да си заминам на прсти пред да се разденило.

Ги собирам моите работи, неврвозно. Брзам за да си заминам. Зидовите ми го покажуваат излезот, потсетувајќи ме дека сум несакана. Треба да си одам. Треба да избегам. Го слушам крцкањето на вратата што ме враќа во реалноста. Реалност во која јас и ти не постоиме. Не и заедно. Не и во една реченица. Не и на една улица. Не и во еден стан.

Трчам надолу по скалите. Задишана. Изгубена. Посрамотена и збунета…Ги нарушив сите закони, клетви, дадените зборови, правила. Треба да бегам. Далеку. Од тебе. Од споменот за твојот парфем, што еве го сеуште на мене. Од ехото на твојот глас, кој упорно ме следи.

За само едно твое „дојди“ сум спремна се мое да ти дадам, без ништо да побарам за возврат. А ти не ми рече остани, не оди си…Знаев дека така ќе биде, но сепак дојдов. Зошто?

Треба да избегам…пред да се разденило…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag