За сите, кои ја почуствувале болката после изгубената љубов и разделбата со саканиот човек! Болката навистина дури не може и да се опише!
Да знаеш дека до вчера ти си бил со тој човек, а денес тој не е до тебе! Да сакаш да го погалиш, да го допреш, а да неможеш, и ден за ден надежта да бидеш со него умира и заедно со неа и ти! Голема и тешка е болката! Да се будиш и заспиваш со мислата за еден единствен човек…
Знаеш ли како е кога љубовта е невозвратена?!
Да ти свртат грб на чувствата, на зборовите, на солзите. И да плачеш се додека се околу тебе не ја изгуби смислата, зошто без него сега животот како да нема смисла. Знаеш ли како е да мислиш само на него? Да се чудиш дали и тој мисли на тебе, дали те забележува?
Знаеш ли како е да си излажан?! Некој да си поигра со твоите чувства, со најдлабоките мечти и надежта? За секунди тој убива нешто градено со години. Го убива прво срцето, после душата, а на крај и тебе, останува само сенка, безбојна, безживотна. Измамата од оној што си го сакала е најжестоката рана, која може да ти биде некогаш нанесена…
Знаеш ли дали љубовта има смисла?!
Знаеш ли колку ми е скапа неговата насмевка?! Знаеш ли што значи за мене неговиот поглед?! Знаеш ли како боли кога гориш од желба да го допреш, а тој да те отфрли?! Знаеш ли дека љубовта убива бавно но сигурно?! Зошто големата љубов се помни секогаш, а кога е невозвратена – цел живот!
Знаеш ли што представуваат за мене малите украдени мигови со него? Сакаш да му дадеш се, телото, душата…Сакаш да го бакнуваш и допираш безброј многу пати, зошто знаеш дека можеби ќе е за последен пат. Знаете ли како е да го гледаш секој ден, а да не можеш да го имаш? Да гледаш како минува покрај тебе, незаинтересирано, кога душата ти вриска, изгорена од љубов?! Да се прави како да те нема, како да не постоиш, кога се во тебе моли, и најмалиот дел од тебе, моли до болка за втора шанса…