Полицијата од Карловац ја уапсила 44 годишната жена која двете сопствени ќерки ги присилувала на проституција.
Истражниот судија во Карловац одредил притвор за 44 годишната жена која е осомничена дека цели 4 години им била макро на сопствените деца.
„Постојат основани сомневања дека од 2008 до 2012 година таа со повеќе лица преговарала и за одредени парични износи ги нудела своите ќерки за секс“, соопштило обвинителството.
Не е соопштено од каде се мајката и ќерките, на кое подрачје се случувало сето тоа и за која сума на пари ќерките биле присилени на проституција.