popara6 април, 20125min00

ВАГА
Работа со суд, добивка, неизвесност.

ВАГОН
Нема потполно да успеете; ако паднете од вагон – излез од неизвесноста.

ВАЗНА
Весело изненадување; ако ја правите – ке бидете наградени; ако ја добиете како подарок – деловен успех; ако скршите вазна – бес.

ВАЛЈАК
После некои непријатности следува задоволство.

ВАЛЦЕР
Ако играте валцер – љубовна изјава; ако гледате како други играат валцер – невозвратена љубов.

ВАМПИР

Некој непријател ве лаже; ако ве дави – болест, незадоволство.

ВАНИЛА
Ќе стигнете во високо друштво.

ВАРИВО
Со штедење ќе постигнете благосостојба.

ВДОВЕЦ/ВДОВИЦА
Пријатно познанство; успех на работа и добри вести; ако се сонувате како вдовец/вдовица – радувајте му се на она што ве очекува.

ВЕЃИ
Радост и задоволство; густи веѓи – имаш моќен заштитник; ретки веѓи и убави – забава и радост.

ВЕЗ
Ако на сон везете или видите вез – ќе бидете награден.

ВЕЛОСИПЕД
Домашна кавга.

ВЕНЕЦ
Венец зелен – свадба; венец црвен – љубов; ако плетете венец – радосна иднина; ако носите венец на нечиј гроб – неисполнети надежи / наследство; ако носите венец на глава – клеветење; венец од цвеќе – љубовни грижи; златен венец – ве очекува у6ав живот; ако девојка сонува венец – има верна љубов.

ВЕНТИЛ
Ќе се ослободите од некои непријатности.

ВЕНЧАВАЊЕ
Среќа во бракот.

ВЕПАР
Ако трча – ќе избегнете некоја опасност; ако убиете вепар – ви претстои опасна авантура; ако уловите вепар – радост.

ВЕРВЕРИЦА
Среќа; ако ја гледате како јаде – среќа во семејниот круг; ако ве гризне – зло.

BEPHИК
Некои пречки ќе бидат преминати.

ВЕСЕЛБА
Весело друштво, препреки; ако си весел, неправди.

ВЕСЛАЊЕ
Работа без признание.

ВЕСЛО
Кратко патување, радост.

ВЕСНИЦИ
Ако читате весници – ќе чуете добри вести; .

ВЕСТИ
Ако слушнете вести – болест.

ВЕТЕР
Голема кавга; ако те носи – биди постојан; ако слушаш ветар – некој те лаже; ако ви дува од грб – добри пријатели; ако ви дува во лице – несреќен случај; ако се борите против силен ветар – успех, благодарение на упорноста.

ВЕТЕРНИЦА
Ако врти – успех во работата; ако стои – работите бавно се одвиваат.

ВЕЧЕРА
Среќа и благосостојба; богата вечера – не подлегнувајте им на страстите; сиромашна вечера – се дружите со луѓе кои ве чинат многу; ако ве канат на вечера – не работите чесно; ако вечерате во друштво – среќа во работата; ако гледате како други вечераат – сменете го начинот на живеење.

ВЕШТЕРКА
Ако се сонувате како вештерка – штета; ако таа не ве види – успех.

ВИДРА
Околу тебе се итри непријатели.

ВИКАЊЕ
Ако чуете викање – благословени сте. Сплетки во друштвото.

ВИЛА

Ненедејна среќа.

ВИЛУШКА
Ве опкружуваат не добро намерни пријатели.

ВИНАРСКИ ПОДРУМ
Минливи тешкотии.

ВИНО
Ако пиеш вино – другите ве искиристуваат; вино да тече како река – богатство; ако е истурено – ќе ве следи среќа; ако истурате вино – кавга; бело вино -злонамерни пријатели ; црно вино – убава иднина; матно вино – грижи; ако видите вино во чаша – несигурна иднина.

ВИНОВА ЛОЗА
Не се мешајте во туѓите работи/добро здравје; ако ја садите – напредок; ако ја режете – задоволство и мир во семејството.

ВИНОЖИТО
Среќа; ако ви е над глава – ќе средите некои имотни прашања.

ВИНСКА БОЧВА

Гости; полна, задоволство; празна, тешкотии .

ВИНСКА ЧАША

Добра вест; ако ја скршите – нечија смрт.

ВИНСКИ ОЦЕТ
Кавга.

ВИОЛИНА
Ако свирите на виолина – пријатни моменти во фамилијата; ако слушате како некој свири – ќе бидете поканети во пријатно друштво.

ВИТЕЗ
Љубовна понуда; ќе се ослободите од некои долги договарања.

ВИУЛИЦА
Грижи.

ВИШНА
Ако јадете вишни – грижи; плод – незадоволство; ако берете вишни – добиток.

ВЛАСТ
Ако вие имате власт – неприлики во работата; ако имате работа со власта – ќе се смирите со непријателите.

ВЛЕЗ

Ако не можете да го најдете – неуспех.

ВЛЕКАЧ
Промена на местото на живеење; потфатот ќе ви пропадне поради предавство и лаги.

ВЛЕЧКИ
Некој желно ве очекува; ако вие ги носите – ќе ви се исполни некоја желба, вљубен пар – размислете за своите одлуки; ќе уживате во тајни задоволства.

ВЉУБУВАЊЕ

Ако се вљубите – напредок.

ВНУК
Благосостојба.

ВОДА
Вода да тече – ве лажат; ако пиете вода – ќе западнете во тешкотии; бистра вода – здравје; матна вода – зло, пазете се од сомнителни работи; топла вода – несреќен случај или болест; ладна вода – радост; ако се бањате во матна вода – загу6а на некое драго лице; ако истурате вода – се лажете самите себеси; ако скокнете или паднете во вода – ќе ве прогонуваат; мирна вода – жалост; жуборење на вода – задоволство и среќа; ако давате некому вода – верно пријателство; длабока вода – опасност.

ВОДЕНИЦА
Оговарање; ако поседувате воденица – богатство.

ВОДЕНИЧАР
Избегавај весели друштва.

ВОДЕНИЧКИ КАМЕН
Несреќа.

ВОДОВОД
Добиток.

ВОДОПАД
Радост.

ВОДОСКОК

Исполнување на желбите, веселба.

ВОЕНА ПАРАДА
Големи грижи.

ВОЗ
Патување; ако возот стои – ќе избегнете некоја несреќа; брз воз – голема промена.

ВОЗБУДУВАЊЕ

Ќе ви се исполни некоја желба.

ВОЗЕН РЕД

Патување.

ВОЗЕЊЕ
Ако се возите во кола – внимавајте ве искористуваат; ако се возите во свечена, у6ава кола или пајтон – унапредување; ако се превртите при возење – непријатно доживување.

ВОЗНА КАРТА
Патување.

ВОЈВОДА
Пазете се од сомнителни пријатели.

ВОЈНИК
Ако сте војник – ти претстои опасност; ако видите убаво облечен војник – чест.

ВОЈСКА

Радосен настан; ако гледаш војска – кавга.

ВОЈСКОВОДЕЦ
Углед и чест; ако се сонувате како војсководец – успешна работа.

ВОЛ
Ќе живеете во мир и изобилство; многу волови – женидба; волови дебели – добро нешто ќе ви се случи; слаб вол – зло; ако пасе – радост; впрегнати волови – среќа во бракот и љубовта; ако колете вол – несреќа; ако се тепаат волови – опасност.

ВОЛК
Добра работа; ако волкот завива – непријатности; ако ве гони – непријател; ако го совладате волкот – победа над непријателите; ако убиете волк – лицемерен подарок; стапица за волк – штета.

ВОЛНА
Сплетки и лаги; ако купувате или продавате волна – успех во трговијата; ако чешлате волна – ве опкружуваат лоши луѓе.

ВОЛНЕНА ОБЛЕКА
Благосостојба; ако носите волнена облекаа – голема добивка; ако ја видите на друг – неуспех во некој потфат.

ВОСКРЕСНУВАЊЕ

Ќе бидеш спасен од голема несреќа.

ВОСОК

Жолт восок – лага; ако се топи – штета.

ВОСОЧНА ФИГУРА
Ќе бидете во друштво со досадни луѓе.

ВОШКА
Добивка; ако видите вошки на друг – успех; ако ги убивате вошките – пари, добивка; многу големи вошки – благосостојба.

ВРАМУВАЊЕ
Врамување на слика – разумно располагајте со своите пари.

ВРАНА
Ќе се замериш со претпоставените; ако фатите врана – жалост.

ВРАПЧЕ
Озборување; радост; ако гледате како летаат – празни ветувања; ако ловите врапци – неочекувана средба; големо јато врапци – пазете се од озборувања; врапци на покрив – ќе ве исмејат.

ВРАТ
Ако го миете вратот – здравје, радост; отечен врат – успех и добивка; дебел врат – благосостојба; долг и слаб – болест.

ВРАТА
Пријателство; отворена врата – добар глас, гости; ако со тешкотии ја отворате вратата – другите не ве сфаќаат; затворена врата – разочарување; скршена врата – пазете се од крадци.

ВРАТАР
Озборување.

ВРАТИЛО
Ако вежбате на вратило – опасност, потребна ви е помош.

ВРАЌАЊЕ

Враќање од некаде – изнанадување.

ВРБА
Среќа; ако сечете гранки од врба – несреќа,болка.

ВРВКА
Сплетки, озборувања; златна врвка – чувај си го имотот; врвка околу тело – незадоволство; зелена врвка – надеж; црвена врвка – радост, задоволство; жолта врвка – бес; плава врвка – верна љубов; црна врвка – грижи; бескрајна врвка – долгови.

ВРЕТЕНО
Успех; свадба.

ВРЕЌА
Многу вреќи – не расфрлај ги парите непотребно; полна вреќа – напредок; празна вреќа – штета; вреќа полна со овошје – загу6а; искината или дупната вреќа – голема загуба; ако носите тешка вреќа – мачен живот.

BPИЕЊE
Ако гледате како нешто врие – добивка во игрите на среќа.

ВРТОГЛАВИЦА
Радосен настан.

ВТОРНИК
Среќна иднина.

ВУЈКО
Среќен настан во семејството.

ВУЛКАН
Жив вулкан – радосно изненадување; згаснат вулкан – непријатности, ненадеен губиток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag