
И додека сме во исчекување на визуелно – музичкиот спектакл кој Џенифер Лопес ќе го приреди на концертот во Белград, погледнете во плакарот на актуелната турнеја на латино-поп дивата!
Голем дел од сценскиот перформанс го сочинуваат костими кои атрактивната пејачка ги носи со себе, а кои овој пат ги дизајнирал легендарниот Zuhair Murad. Изгледот на феноменалните креации е инспириран од секси танц чекори, конкретно синиот костим со реси е инспириран од карневалот во Рио, неговата убавина и сјај, која рефлектира во над 500 кристали кои се наоѓаат на костимот.
Погледнете уште некои од костимите во кои ќе ја видиме ЏејЛо на свената на Белградската Арена на 20 ноември.




