Успешниот човек не оди никогаш со главата во ѕид, зошто секогаш има врата. Кој размислува позитивно, ќе ја најде таа врата.
Позитивниот човек никогаш не е против нешто, тој секогаш е за нешто.
Успешниот човек не верува во случајности, а знае дека тој е оној што треба да го предизвика успехот.
Колку е поголема помошта за другите, толку поголем ќе е успехот за вас. Но колку повеќе правите за вас самите, толку повеќе ќе можете да помогнете покасно на другите.
Оној што има негативни мисли треба да има во предвид, дека тие ќе се реализираат. Не треба да ги насочуваме ваквите мисли ниту кон другите, нути кон себе.
Повеќето луѓе не ја разбираат важноста и силата на мислите. Затоа тие ќе си останат она што се – безгласни учесници.
Вашите мисли го одредуваат вашиот живот.
Еден лош човек има лоши мисли. Еден негативен човек има негативни мисли. Еден успешен човек има успешни мисли.
Позитивниот човек е убеден, дека секоја мисла ќе се реализира, доволно само да ја повторува почесто и да верува дека го заслужува она што го сака.
Успешниот човек мисли секогаш на ова: Тој е неповтрлив! Тој сам го контролира својот живот и не дозволува никој да му влијае од надвор! Тој знае што сака но знае и дека може!
Вистинската тајна на успехот се нарекува доверба во своите способности.
Болестите се последица од неисполнети желби. Затоа не треба да сте неблагодарни кон животот. Ако вие сте благодарни, животот ќе ви ги отвори сите врати кон успехот!
Не мислете дека вие сте единствениот човек кој има проблеми. Важното прашање е: Имам ли реално проблем или проблемот сум јас? Ако вие сте проблемот можете да го решите со позитивно мислење, а ако се должи на нешто друго, тогаш вие треба да го промените односот кон тоа нешто.
***цитати од „Магијата на успехот“ – Марио Оховен
2 comments
Dzimi
1 мај, 2012 at 21:16
моќта на позитивното мислење ха :))
http://www.youtube.com/watch?v=usbNJMUZSwo
kiko
27 март, 2012 at 21:52
браво секоја чест за ова !!!!!!!!!