Мајкл Бекер од Кентаки украл бензин од полициски автомобил. Тука навидум нема ништо страшно, ниту тоа што Бекер се фотографирал за време на оваа акција. Меѓутоа, полицајците неможеле да поверуваат за каква будала станува збор, откако виделе дека тој фотографијата ја ставил на својот фејсбук профил.
Фотографијата прва ја забележала една полицајка, а карадецот на бензин лесно бил уапсен.
„Ако има храброст да краде бензин од полициски автомобил, тогаш е подготвен да краде од било кого“, соопштиле локалните полицајци.