Валдорф салата со туна

6 февруари, 20120
solen

Потребни состојки:

100 гр. корен од целер

100 гр. стракови од целер (вез листови)

1 кисело црвено јаболко

50 гр. крупно сецкани ореви

150 гр. туна од конзерва

2 лажици сок од лимон

1 зелена салата

За прелив:

90 гр. мајонез

100 гр. кисела павлака

½ лажичка сенф

Сол и мелен црн пипер

Припрема:

Измијте го јаболкото и страковите целер и исецкајте ги на мали коцкички. Излупете го коренот од целер и изренајте го.

Во посебен сад ставете ја туната, лимоновиот сок, оревите,коренот и страковите целер и јаболката, па добро промешајте.

Измешајте ја павлаката, мајонезот и сенфот и зачинете со сол и црн пипер, па промешајте.

Во чинија за салата наредете листови зелена салата, додадете ја салатата со туна и прелијте ја со претходно подготвениот прелив. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi