Неверојатните аксесоари на Валентино владеат со женските срца насекаде по светот. Новата пролетна колекција на брендот е инспирирана од актуелниот женствен стил и вклучува еден неверојатно голем избор од големи, средни и мали чанти. Стилот на чантите е една прекрасна комбинација меѓу минимализмот и исчистената силуета. Во колекцијата ќе видите и анимал принт, женствени детали како панделки и цветни мотиви.