Се покажа дека домашното милениче многу зборува за карактерот на својот сопственик. Најновото истражување покажа дека доста информации за вашата личност, карактер и сексуален потенцијал можат да се извлечат од вашиот миленик, пишуваат британските медиуми.
Според жените кои учествувале во анкетата мажите се попривлечни кога шетаат крупна раса куче, како например голден ретривер.
Од друга страна, сопствениците на расите како булдог и чивава се повеќе за една ноќ отколку за долга врска.
Оваа студија ги потврдува стереотипите наметнати од оппштеството. Например „шмизлите“ имаат пудлици или слични минијатурни раси. Тие често се перцепираат како нервозни, импулсивни, но и доста добри во кревет.
Мажите со германски овчар сакаат да држат се под контрола, па и во спалната соба. Овие мажи се склони кон нестандарден секс и секогаш сакаат нешто ново. Ако тоа не го добијат од партнерката, ќе го побараат на друго место…
Сопствениците на добермани добиваат висока оценка, бидејќи имаат темперамент и вистинска машка страна што им носи максимум поени кај припадничките на понежниот пол. Во сексот се вели дека се страсни и нежни љубовници, но знаат да бидат и бурни како пламен.
Жените кои поседуваат големи раси кучиња, со доминантен карактер како кане корсо, доберман, булдог, стафорд, ротфајлер, мастиф и слично, најчесто се многу посесивни, сакаат да го контролираат партнерот и секогаш сакаат да знаат каде е и што прави тој. Но оваа своја лоша страна ја компензираат со фактот – тие се секс божици!
Мажите кои чуваат лабрадори се доста привлечни во очите на жените, тоа се мажи на кои можеш да им се довериш и се многу нежни. Во сексот нивната цел е партнерката да биде задоволена.
Мажите кои се фанови на питбул расата се доста љубоморни, доминантни, сакаат да изневеруваат, но тоа не смее да си го дозволи партнерката. Добри се во сексот, но од нив не очекувајте да бидат само со вас. Секогаш во неговиот живот има по неколку жени.
Мажот што има шарпланинец е стабилен, одмерен, се посветува максимално на партнерката и семејството. Тешко ги покажуваат своите емоции, а во кревет се вистински ѕверови.Сакаат да експериментираат во спалната соба и нека не ве изненадува фактот ако вие не сте му доволна.