Ве оставило момчето? Избодете го!

popara11 јуни, 20121min00
s3

За сите девојки со скршено срце, сега е тука вистинското решение за надминување на болката и љубовните јадови. Ни повеќе, ни помалку, туку ви се нуди како помош во оваа ситуација – црна магија! Наместо да се потопите во чоколади, алкохол и цигари, осветете се на најсуровиот начин, со помош на вуду магија.

Бесот што во вас го предизвикал кретенот, затоа што ве напуштил, затоа што ве лажел и изневерувал, најдобро ќе го изразите со бодење на платнената вуду кукла која би требало да го претставува вашиот бивш партнер.

На различни делови од телото се испишани разни пораки, кои варираат од мрачни желби како: „Сакам да страдаш исто како и јас!, Врати ми се што е мое!, Нека те снема од мојот живот!, Господ да даде да се исфрлаш цел со бубулици!…“.

Покрај куклата што доаѓа во бела, розева и црна боја, добивате и десет специјални игли, со кои можете ритуално да го боцкате својот бивш дур ви душа сака, посакувајќи му се најлошо!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag