
Секој ден сте заедно и повеќе немате идеја како да ја поминете вечерта? Ви носиме 7 совети како да ја разубавите вечерта на својот сакан!
- Музика
Без добра музика немате вистинска атмосфера. Сеедно дали ќе се одлучите за класична или модерна нота или пак ќе пронајдете некоја од песните од времето кога сте се запознале.
- Пригушено светло – свеќи
За романтично расположение запалените свеќи се апсолутно неопходен детал. Посебен впечаток оставаат кога се повеќе на едно место.Свесно изберете ја нивната боја. Црвената значи страст, зелената плодност, жолтата привлечност, розовата љубов, портокаловата стимулација, а виолетовата медитација.
- Јаболка, лешници и бадеми
Малите закуски се составен дел на една романтична вечер. Лепниците се симбол на плодност. Дури и нашите предци ги ценеле поради нивниот ефект врз сопособноста на оплодувањето. Јаболката се симбол на љубов. Комбинациите влијаат уште подобро и одговараат на годишното време.
- Се во знакот на чоколадото
Слаткото задоволство го зголемува нивото на ендорфин и се грижи за позитивно расположение. ште повеќе романтично ќе биде ако чоколадните бомбони ги замотате со мали љубовни пораки. За потопло задоволство: чоколадните колачиња послужете ги со ситни парчиња овошје. Ако не сте знаеле, бананата дава енергија.
- Обвиени во мирис
Испрскајте со вашиот омилен мирис низ собата, перниците и по вашето тело. Но, внимавајте да не претерате!
- Масажа
Масажата е неизоставен дел од романтичната вечера! Притоа користете специјални, миризливи масла.