Вечниот проблем – бившата!

popara13 април, 20121min00
s2

Разговарајте најпрво со партнерот и откријте како завршила врската со бившата, па така ќе знаете дали и колку треба да сте загрижена од нејзината појава. Ако таа го оставила и тој бил многу повреден и сеуште вљубен после разделбата, тогаш таа може да има повторно силно влијание врз него и би можела да се обиде да ви го земе. Бидејќи за него работите останале недоизживеани, има веројатност лесно да го маѓепса.

Проследете го и нејзиното поведение. Анализирајте дали тој се крие кога разговара со неа или дали доа го прави пред вас. Ако нејзиното присуство го збунува, значи има нешто што го крие од вас и работите помеѓу нив не се сосема завршени.

Можеби проблемот е во вас. Ако нивното пријателство ви се гледа како нешто повеќе, тогаш разговарајте со вашите заеднички познати. Нивната преценка е објективна и може да се докаже дека вие претеруваате.

Никогаш не дозволувајте на мажот да ве постави на второ место. Вие сте најважната, но не очекувајте тој да се откаже од досегашниот живот, само зошто сте во врска. Ако сте уверена во себе и своите квалитети и го демонстрирате тоа, тој нема да изгуби интерес кон вас и вашата врска нема да е во опасност.

Не бидете импулсивна и хистерична по време на разговор. Не се споредувајте со неа и не ја навредувајте пред него. Сепак тој бил со неа и малку или многу ќе биде повреден ако го навредувате човекот на кој посветил време и чувства, дури и таа да не заслужува. Штом е со вас, значи ги разбрал разликите и вашите споредби само ќе го оцрнат вашиот образ во неговите представи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag