Веганите и Вегетаријанците не добиваат доволна количина на хранливи материи

popara27 септември, 20121min00
vegi_lightbox_image

Според студијата направена од Шведските истражувачи, младите вегани и вегетаријанци, можеби и не ги добиваат доволно потребните есенцијални нутриенси, како што тоа се мислеше, поради фактот дека нивната исхрана е претежно составена од растително потеклo и во принцип е пред се здрава храна.

Во истражувањето се испитани 30 вегани, на возраст од 16-20 години.

Исто така се анализирани примероци на крв и урина за да се утврди присутноста на есенцијалните нутриенси. Резултатите се споредувани со резултатите на слична ворасна група од адолесценти кои во својата исхрана имаат вклучено животински производи.

Прехрамбените навики на веганите значително варираат и не ги задоволуваат просечните потреби за некои есенцијални нутриенси, изјавиле истражувачите, а посебно укажале на недоволен внес на витамини Б12 и Б2, витамин Д, калциум и селен.

Дури и покрај тоа што во исхраната на веганите вклучиле додатоци од овие витамини и минерали, резултатите покажале дека сепак внесот на калциум и селен останал низок.

Од друга страна, покажано е дека веганите имаат зголемен внес на овошје и зеленчук. Кај мажите вегани приметена е поголема тенденција кон губиток на телесната маса, односно помал индекс на телесната маса. Ваквите разлики не се воочени кај жените вегани и жените кои јадат месо или други животински производи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma