Велес

popara20 февруари, 20122min00
veles_2

Велес, како урбана населба постои од 168 год. п.н.е.Градот се наоѓа во средишниот дел на Македонија, поточно на бреговите на реката Вардар. Велес е шести град по број на жители во Македонија со вкупно население од 43.716 жители. На северозапад од Велес се наоѓа главниот град на Македонија, Скопје, на североисток се наоѓа градот Свети Николе, на исток се наоѓа градот Штип, на југозапад се наоѓа Прилеп и на југоисток се наоѓаат Кавадарци и Неготино. Велес има мошне поволна географска положба бидејќи е крастопат на меѓународни патни и железнички правци и еден од поглавните транзитни центри во Македонија.

Музеј - куќата на Кочо Рацин

Велес низ историјата се нарекувал со различни имиња, од кои три се најмногу користени. Од самото основање на градот, Велес се нарекувал со името Вила Зора од каде потекнува и денешниот назив Велес. Подоцна градот се преименувал со името Ќупурли, кое подоцна било заменето со денешниот назив. За време на СР Македонија, но и во првите години од самостојноста на државата, Велес се нарекувал со името Титов Велес, во чест на маршалот Јосип Броз – Тито. Велес како населба постоел уште од 168 година п.н.е. и се наоѓал нешто поисточно од денешаната локација. Бидејќи градот има стратешка позиција, тој бил често мета на различни странски инвазии и окупации и бил дел од различни балкански кралства и држави, почнувајќи од Пајонија па завршувајќи со СФРЈ.

Вила Зора

За време на раниот антички период, територијата на Велес влегувала во составот на пајонската држава, која се претпоставува ја сочинувале голем број градски населби. Хелинистичкиот слој јужно од градот кај локалитетот Кале  при влезот во Велешката клисура покрива плато од 3,5 хектари површина оградена со бедем, на кој бил лоциран најголемиот пајонски град Вила Зора (Била Зора). Вила Зора се наоѓала на самиот влез од Дарданија во Македонија (Пајонија) така што Филип V освојувајќи ја во 217 година пред н.е., ја одбранил својата држава од упадот наДарданците. Вила Зора бил значаен воен центар сè до последните години на македонското владеење. За последен пат се споменува во 168 година пред н.е. Континуитетот на името Вила Зора и Велес тешко може да се одреди, зошто Велес се спомнува дури во 1018 година. Се претпоставува дека во оваа временска празнина моќта на Вила Зора во римското владеење опаднала или пак нејзината локација треба да се бара на друго место. Во пошироката околина на Велес има повеќе траги кои укажуваат на античкиот град Аргос поврзан со територијата на Македонија.

Стоби

Античкиот град Стоби бил пајонски, македонски и римски град. Првиот документиран спомен за Стоби потекнува од 197 год. п.н.е., кога на тоа место македонскиот крал Филип V ја поразил дарданската војска. Во изворите каде што римскиот историчар Ливиус го споменува овој податок, Стоби носи епитет на „стар град”. Урбаниот дел на Стоби се наоѓа опкружен со бедеми на вливот на Еригон во Аксиос, денес познати под името Црна река и Вардар. Градот зафаќал мошне важна трговска и воена позиција. Променливите борби на македонците со северните соседи биле судбоносни за Стоби. Стоби со околината дефинитивно потпаднал под македонска власт во 217 год.п.н.е. за време на владеењето на Филип V.

Св. Димитрија
Св. Пантелејмон
Саат кула
Музеј куќата на Васил Главинов
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag