Пивото со вкус на пица ќе почне да се продава во Британија кон крајот на годинава низ продавниците во оваа земја. Том и Атина Сифурт, од Сент Карлс, Илиноис, САД, почнале да го произведуваат ова пиво пред пет огдини во Америка, а за кратко време нивниот производ доживеа голем успех.
Водејќи се од фактот дека пицата и пивото често заедно се консумираат, тие во пивото додале домати, оригано, босилек и лук, па така добиле навистина уникатен вкус. Том изјавил:
– Пивото има вкус како и нормалното пиво, но кога ќе голтнете чувствувате вкус на пица.
Пица пивото има 4,7% алкохол, а во Америка се продава за 2,99 долари за шише, додека во Велика Британија ќе чини 1,9 фунти.