Актерката Џесика Биел и пејачот Џастин Тимберлејк овој викенд во Италија ќе ја озаконат нивната врска, пренесува Radar Online.
Местото и времето на венчавката го одредиле оваа пролет, но тие информации успешно ги кријат од јавноста. Нивните гости потпишале договор во кој се согласиле на ригорозни услови на свадбената церемонија, а тоа е дека на денот на венчавката не е дозволено да се носат фотоапарати ниту мобилни телефони.
Како можна локација на која двојката ќе се ванчава се наведува хотелот Palazzo Margherita, а медиумите дошле до тој заклучок, бидејќи таму наводно ги резервирале собите за своите гости.
“Со нетрпение ја очекувам нивната венчавка. Џастин е навистина многу заљубен во Џесика и верувам дека нивниот брак ќе биде успешен”, изјавил близок пријател на Џастин.