Елиот Нејтан од Болдер, Колорадо ја направил оваа неверојатна фотографија на „филмски бакнеж“.
Дека љубовта не познава граници покажала и една американска верверица која на прв поглед се заљубила во пластичната играчка тираносаурус. Нејзиниот сопственик ја фотографирал како нежно го прегрнува тираносаурусот и потоа го бакнува.
Меѓутоа, како и во секоја љубовна приказна постои едно „но“.Нејтан признал дека во устата на играчката ставил семенки, надевајќи се дека гладната верверица ќе ги извади.
„Верверицата беше многу внимателна и колеблива, но сепак беше и гладна, затоа после неколку часа го бакна тираносаурусот, односно ги извади семенките од неговата уста и ги изеде“, изјавил Нејтан.