Надградбата на нокти е голем тренд кој го практикуваат дамите од сите генерации. Освен тоа што тие ќе направат вашите раце да изгледаат поубаво, може да ви го загрозат здравјето.
Најчеста несакана појава при вештачките нокти е појава на екзем на рацете. Состојките во вештачките нокти предизвикуваат контактна алергија, односно алергиски контактен дерматитис.
Многу често доаѓа и до заболување на местото околу ноктот. Турпијањето на ноктот пред да се нанесе вештачкиот е опасно. Во тој момент доколку не се внимава може да се пренесат многу бактерии во кожата, која исто така се раздразнува кога се вадат кожичките околу ноктот. Претераното турпијање на ноктот им дозволува на штетните состојки кои ги содржат вештачките нокти и средтсвата кои се користат да се нанесат, да навлезат под вашиот нокт. Тоа на крајот резултира со опаѓање на вистинските нокти.
Откако ќе се нанесе гелот или акрилот, помеѓу него и природниот нокт се задржува влага која е голема причина за да се развијат бактерии, кои понатаму предизвикуваат инфекција.