Тренингот на годишен одмор по миислење на многумина можеби и не е добра идеја, но не мора да биде толку напорно. Одморот го користиме воглавно за лежење на плажа, малку бањање во вода и пиење ладни пијалоци.
Ќе ви дадам една понуда која не смеете да ја одбиете, барем не комплетно. Одморот може да биде малку поразличен.
Стануваме околу 7-8 часот наутро, на плажа нема никој, се слушаат само таласи и понекој човек што тренира. Да го искоритиме тоа и да истрчаме или на шеталиште или покрај море 20 минути, по тоа малку пауза, околу две минути. За нозете да ви бидат црвсти, убави и затегнати подоцна на плажа, правиме три серии по 20 исчекори во движење, додека на пауза шетаме со малку побрзо темпо околу 1 минута.
Другата вежба е исто за нозе – “чучњеви” покрај море, 20 повторувања 3 серии, а за пауза одиме брзо во вода до колена 1 минута. Бидејќи знаеме дека склековите се една од најдобрите вежби за горниот дел од телото ги додаваме на нашиот летен тренинг, 3 серии женски и машки склекови, по 10 повторувања се вистинска доза за да ги затегнеме рацете и градите, на пауза правиме вежби на теренот, подигање на карлицата или одвојување на нозете на страна за уште малце да ги затегнеме нозете и задникот.
И на крајот истегнување, лесно и долготрајно. Тоа е крај на тренингот, но и не на здравите навики. Појадокот кога ќе се истушираме, најдобро е да биде овошен, направете микс од нектарини, грозје, банана и јаболко, лесно, брзо и вкусно.
Доколку мојата понуда не е интересна тогаш можеби ќе ве заинтересира одбојка на пеесок, одбојка во вода, фрлање на фризби или можеби скијање на вода. Што и да правите од физичка активност на одморот може да ви помогне, дополнително да ве освежи, да ви даде дополнителна енергија, сомодоверба и уште поубаво тело.