Вежбањето помага при депресија

4 ноември, 20120
vezbanjeto-ja-leci-depresijata

Начинот на кој работиме едноставно не функционира – Четирите големи потреби кои ја стимулираат големата ефикасност е насловот на книгата на Тони Шварц. Главната претпоставка од која тргнува тој е таа дека ние треба да постигнеме баланс помеѓу активноста и одморот на физичко ниво, помеѓу перформансите и обновување на емоционално ниво, меѓу левата и десната хемисфера на мозокот на ментално ниво и помеѓу внатрешната и надворешната работа на спиритуално ниво. Доколку го немаме овој баланс, можеби ќе изгледаме како добри изведувачи, но споредено со тоа што ние сме способни да направиме, ќе сфатиме дека не сме продуктивни, креативни, не се забавуваме итн. Едно поглавје од книгата е посветено на движењето. Шварц во него наведува една битна студија SMILE (Standard Mrdical Intervention and Long term Exercise), спроведена од универзитетот Дјук. Студијата вели дека со интензивни енергични вежби, три пати во неделата по 30 или 45 минути, можат да се редуцираат или намалат симптомите на депресија, исто толку ефикасно како со антидепресиви. Но, Шварц не го споменува тоа што оваа студија оди подалеку и спроведува истражување во кое се вклучени учесниците кои вежбале 16 недели, и после 4 месеци им бил даден тест за депресија при што кај 60% од волонтерите имало подобрувања. Дали вежбањето е решение за депресијата? Се разбира дека не, иако наодите од студијата се импресивни, сепак постојат многу луѓе кои се излекувале со земање лекарства, или пак со комбинација на двете. Како и да е, студијата е нешто за што треба сериозно да се размислува. Едно е сигурно, придобивките од вежбањето далеку ги надминуваат недостатоци од истото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma