Додека другите деца на таа возраст сакаат да гледаат телевизија, да си играат со омилените играчки или трчаат низ парк, Шервин Сараби го поминува времето истражувајќи за земјите ширум светот.
Омилена забава на ова две годишно дете му е изучување на глобусот. Тој може да препознае голем број земји и исто така да ги погоди нивните знамиња.
Тој може да прочита скоро 500 зборови, да ги опише главните човечки органи и нивните функции. Детето феномен знае да пресметува, како и да ги објасни вулканите.
Неговите способности ги воодушевија научниците, но пред се неговите родители.
„Тој едноставно сака да учи“, неодамна ме разбуди во три часот наутро за да ми раскаже се за Исак Њутн, изјавила мајката.
Родителите веруваат дека нивното дете ќе може да тргне многу порано на училиште за разлика од неговите врсници, а веќе неколку независни училишта му понудиле стипендија.
Погледнете го детето чудо:
http://www.youtube.com/watch?v=qYYAL1x3Qws&feature=relmfu