Девојчето проголатало некаков пластичен предмет, кој се заглавил во нејзиното грло и почнала да се гуши. Родителите во шок веднаш почнале да бараат помош, а вработените и гостите веднаш се обиделе да помогнат.
Тевита и Глори безпомошно гледале како им се дави 1 годишната ќерка. Благодарение на вработените и гостите од ресторанот за брза храна во Синдеј, денеска тие уживаат со своето бебе.
На интернет се појави драматичната снимка од спасувањето на бебето.
Откако мајката побарала помош, веднаш се насобрале луѓе за да и помогнат. Вработените повикале брза помош, но во меѓувреме успеале да го спасат малото девојче.
За својата храброст, брза реакција и снаодливост вработените ќе бидат наградени.
http://www.youtube.com/watch?v=RYxdfcCrFAo&feature=player_embedded