Вчера вечерта за прв пат имавме можност да ја слушнеме Калиопи со песната со која ќе нè претстави на овогодишното 57-мо издание на Евровизија кое ќе се одржи на 24-ти Мај, во Баку, Азербејџан.
Автор на песната„Црно и бело“ или „Black and White“ е Ромео Грил, а воедно за истата Калиопи изјави дека емоциите најубаво може да се покажат на мајчиниот јазик, па затоа таа во Баку ќе отпее на македонски.
На сцената Калиопи се појави во придружба на рок-бенд, а неофицијално, таков настап е планиран и за големиот евровизиски перформанс во Баку, на втората полуфинална вечер…
http://www.youtube.com/watch?v=-FLks45UhAw&feature=player_embedded