Британскиот каскадер Гери Конери скокна од хеликоптер без падобран од 750 метри висина.
Конери (42) со овој скок го собори рекордот за скокање без падобран.
Тој носеше специјален костим во вид на крилесто одело со чија помош го контролираше својот пад и безбедно слета на земјата.
Најголемата брзина која ја постигнал е околу 128 километри на час. Конери е професионален каскадер и работел на многу филмови како Индијана Џонс, Бетмен и Плажа.
httpv://www.youtube.com/watch?v=1a1-Uhcxxwo