Видео: Најстариот татко на светот – стана татко на 96 години!

popara17 октомври, 20121min00
najstariot tatko

Рамаџит Рагав има 96 години и син стар 10 дена.  За него медиумите пишуваа и во 2010 година, кога на 94 години го добил првото дете. Тврди дека двете момчиња зачнати по природен пат.

Бебето на свет пристигнало пред 10 дена. Живее во сиромашнотот предградие на Њу Делхи и има 96-годишен татко. “Не земав никакви лекови. Детето го добив преку сексуален однос. Се молев на Бога да го дополни моето семејство со момче или девојче”, вели Рамаџит Рагав.

Првиот син, овој витален старец го добил пред две години. И тогаш медиумите пишуваа за сиромавиот индиец, кој станал татко на 94 години. Многумина се згрозија, но Рамаџит не се плаши од годините. Уверен е дека ќе ги гледа своите деца како растат.

Рамаџит и неговата сопруга Шакунтала (54) се запознале пред 22 години, точно 25 години откако тој останал вдовец. Таа немаше семејство или пријатели и сакав да ѝ помогнам. Ја зедов под моја закрила, ја научив малку јога и се заљубивме. Многу од моите поранешни девојки починаа и никогаш не се оженив, па ја побарав Шакунтала да ми биде сопруга – раскажал Рамаџит.

Неговата сакана тврди дека тој е одличен љубовник и дека не би го напуштила иако е стар. Не е важно колку е стар, го сакам и се грижам за него многу, иако понекогаш ми вика. Мене не ми изгледа стар, тој може да води љубов како 25-годишен маж, дури и подобро зашто може да издржи цела ноќ. Исто така, тој е одличен татко – рекла таа.

Со оглед на годините на брачната двојка, многумина се сомневаат во нивните тврдења дека децата ги добиле по природен пат. Рамаџит вели дека за тоа е заслужна догогодишната апстиненција, која ја прекинал пред 10 години, кога ја запознал сегашната сопруга. Заслугите ги препишува и на физичката работа и исхрана. Секој ден пие три литри млеко,  килограм бадеми и исто толку путер. Засега, не планира повеќе деца.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag