Едно 8-годишно момче од САД од своите врсници се разликува по нешто навистина специфично.
Всушност, според тврдењата на неговата мајка, малиот Антонио може да комуницира со мртвите. Момчето кое со својата мајка Сенди живее во Њујорк наводно комуницира со својот прадедо и прабаба кои никогаш не ги запознал, пренесува Daily Mail.
“Мојот син може да види духови, исто како и јас тоа е дар од Бога. Антонио ја гледа мојата баба и мојот дедо и разговара со нив. Може да опише како изгледаат и што прават”, тврди мајката.
Додава дека не сака нејзиниот син да го присилува, бидејќи сака да остави самиот да ги истражува сите можности.
Но, 8-годишното момче се чини дека не е претерано возбуден поради својата дарба. Единствено што го загрижува е неговата кариера во иднина.
“Сакам да бидам професионален бејзбол играч и фудбалер”, нагласува Антонио.
www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=rxKhpeOHAhU