Памела Андерсон на вечера во еден ресторан во Лос Анџелес своите двајца пријатели ги почестила со танц во скут.
Поранешната ѕвезда на серијата Baywatch е забележана како пие вино за време на вечерата со група пријатели во еден ресторан кој се наоѓа во Западен Холивуд. Меѓутоа, по едно наздравување Андерсон станала и почнала да игра околу еден од своите пријатели пред да го почести со танц во скутот.
Потоа го зема другиот пријател за рака и го носи на средината на ресторанот, каде пред шокираните гости во ресторанот извела предизвикувачки танц.