Парис Хилтон се вврати на музичката сцена со песната “Drunk Text”, за која снимила и спот. Во песната Парис зборува за ноќните излегувања “со своите кучки”, за опивање, фраери, секс и пораките кои пијан ги испраќаш, па кога ќе се отрезниш жалиш за истите. “Ако зборот sex го помешаш со texting (допишување), тоа се вика sexting. Ако додадеш на тоа пијан sexting, зборовите едноставно немаат смисла”, рецитира размазената богаташка во нејзината нова песна.
http://vimeo.com/37328530
Парис Хилтон неодамна изјави дека оваа година планира да издаде нов албум. “Работам на новиот албум, а Афројак е извршен продуцент на целата работа. На албумот ќе се најдат многу добри соработки. Би требало да излезе во наредните неколку месеци. Штотуку го завршивме синглот со LMFAO, па потоа снимам со Snoop Dogg”, најавила Парис.