Овие денови се случи неверојатно изненадување за време на летот на компанијата Делта Ерлајнс, на линијата Атланта – Њујорк. Веднаш по полетувањето капетанот ги прашал патниците дали некој е алергичен на пингвини?! Нема такви?! Во тој случај имаме големо изненадување за вас!
Додека патниците се чуделе, капетанот ги изгасил светлата и од позади завесата се појавиле пингвините Пит и Пени.
На 30.000 метри висина пингвините ги воодушевија патниците, а инаку патуваа на премиерата на документарниот филм „Замрзната планета“.
„Можете да ги фотографирате и да ги гледате, но ве молиме немојте да ги допирате“, порачале стјуардесите.
httpv://www.youtube.com/watch?v=DoHcO5GqsLk