Денис Авнер, на светот познат како човек-тигар, почина пред неколку дена на 54 години.
Авнер стана познат, бидејќи има направено голем број зафати за што повеќе да наликува на тигар.
Своето тело го подложил на различни операции и вградување импланти. Исто така, ги наострил и неговите заби да бидат што повеќе шилести, а над усните вградил импланти со помош на кои треба да му растат мустаќи како на мачките.
“Атракција сум каде и да се појавам и свесен сум за тоа. Луѓето многу грди работи зборуваат за мене, но јас за тоа воопшто не се грижам”, изјавил во една прилика Авнер кој со операциите започнал кога имал само 23 години.
Причината за смртта сеуште не е позната.