Иновативната куќа со шест хидраулични нозе е дизајнирана од страна на данско уметничко студио N55.
Изградена од челик и иверки, куќата која оди се напојува од сончевата енергија.
Опремена е со мала кујна, мал тоалет, мебел, кревет и систем кој ја собира водата од дождот.
Движењето на куќата е контролирано од страна на екран осетлив на допир. Мобилната куќа им овозможува на луѓето да живеат мирен номадски живот, движејќи се полека низ разни места со минимално влијание врз животната средина.