Видео: Погледнете како изгледа вистинскиот Попај!

popara14 септември, 20121min00
biceps

Му­ста­фа Ис­ма­ил, 24-го­ди­шен бо­ди­бил­дер, со бицепс од речиси 80 см влегол во Гинисовата книга на рекорди за 2013 година!

Веќе полни 10 години 24 – годишниот ‘Big Mo’ дига тегови по два пати дневно, така што неговите надлактици сега имаат ист обем како половина на возрасен човек. Со цел да ги постигне овие резултати, со вежбање, дневно јаде повеќе од 2 килограми пилешко месо, половина килограм риба, четири шаки бадеми кои ги ‘потопува’ со три литри протеински шејк и голема количина вода. Иако потсетува на познатиот лик од цртаните, спанаќот не се наоѓа на листата на негови намирници.

“Луѓето секогаш ме споредуваат со морнарот Попај. Тоа ме насмевнува, бидејќи воопшто не сакам спанаќ. Сепак, мислам дека имам многу поголем бицепс од тој лик од цртанот”, вели Исмаил кој со сопругата се преселил во Америка поради подобри услови за вежбање. И денес тренира два пати дневно, а во теретаната редовно добива стотици комплименти за своите неверојатни бицепси кои ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди за 2013 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma