„Планината се руши. Сите ќе загинеме“, се слуша на снимката која веројатно ја направил еден скијач.
Страшната лавина ги затекна скијачите на француската планина Сен Франсоа Лоншан, но за голема среќа немаше ниту еден повреден човек.
Лавината со огромна брзина се спушташе низ планината и рушеше се пред себе. Ги уништила столбовите на ски лифтот, а спасувачките екипи со хеликоптери ги спасувале оние лица кои биле заробени на жичарата.
Капетанот Сирил Ансе, кој го предводел спасувачкиот тим, изјавил дека веднаш бил евакуиран тој дел бидејќи постоела опасност од уште една лавина.
httpv://www.youtube.com/watch?v=BJXVfb-byhc