Зоолошката градина во Лондон го објавила првото видео кое прикажува портокалово морско коњче од областа на Западна Африка.
Неговото оригинално име е hippocampus algiricus, а снимен е како движи во морето во близина на брегот на Сенегал.
Морското коњче го уловиле рибари за проучување, а подоцна неповредено го вратиле во морето. Годишно во светот се извезуваат околу 600.000 морски коњчиња, а во Кина тие се користат за медицински истражувања.
Засега нема ниту една студија за ова морско коњче, затоа не е знае многу за неговото живеалиште, животен век и популација. “За иднината на морската конзервација е многу важно да се истражи овој вид”, изјавила истражувачот Кејт Вест.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=neKn1EdP_L8