Шимпанзата се едни од нашите најблиски роднини, но некои од нив навистина претераа во имитирањето на лошите човечки навики. Таков е случајот со шимпанзото во зоолошката градина во кинеската провинција Синџијанг, кој пали цигара за цигара.
Ова шимпанзо не е првиот човеколик мајмун кој стана страствен пушач, мајмунката Фели од Хенан пропуши цигари во 2004 година поради сексуални фрустрации.
Најпознатиот меѓу шимпанзата кој пушел е Чарли кој во 2001 година во својата 52 година загина во зоолошката градина Мангуанг во Јужна Африка. Тој прв пат пробал цигара откако му дале неколку посетители.
Но на Чарли очигледно не му сметале цигарите бидејќи живеел 10 години повеќе од просечниот живот на шимпанзата.
httpv://www.youtube.com/watch?v=29j9DaUEQmM