Видео: Тинејџерка спиела 64 дена

popara19 ноември, 20121min00

Неодамна е објавена вест за британка која страда од ретка болест наречена Клеин-Левин синдром или “синдром заспана убавица”. Иако за некого ваквото нешто се чини како вистински годишен одмор, оние кои страдаат од овој синдром тврдат дека “не се работи за бајка”.

Луѓето кои страдаат од ова нарушување многу често спијат и по дваесет часа дневно, а дури и кога ќе се разбудат, се наоѓаат во состојба на месечарење.

Никол Делин (17) припаѓа на групата на луѓе со ова пореметување, а во една прилика ги преспала празниците и се разбудила дури кога конечно го отворила подароците. Периодите на спиење во нејзиниот случај понекогаш траат помеѓу 32 и 64 дена, а само повремено се буди и месечари до кујната за да јаде.

“Никогаш не се навикна на оваа состојба. Има 17 години и тоа и пречи, бидејќи многу пропушта”, вели нејзината мајка.

Ова нарушување е ретко и тешко е да се постави дијагноза, а во нејзиниот случај докторот открил за што станува збор дури по 25 месеци. Во процесот на поставување на дијагноза отфрлиле сè, од вирусот, преку епилепсија, па се до тоа да својата состојба ја лажира за да привлече внимание.

http://www.youtube.com/watch?v=3RumCYknz_0&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag