Изгледа дека Марио Балотели ги менува девојките од недела на недела.
Сепак, едиствена работа која мора да ја признаеме – сите изгледаат совршено. Неговата најнова љубов е француски модел и актерка Ванеса Лоренс која ја запознал на Ибица.
Двојката преку ден се сончаат, бањаат и уживаат во убавините на Ибица, додека навечер лумпуваат по клубовите. Изгледа дека на 22 – годишната Ванеса не и пречи променливото расположение на Блотели и фактот дека девојките ги менува “како чорапи”.
Да ве потсетиме, овој фудбалер на Манчестер Сити беше во врска со Рафаел Фико која тврди дека носи негово дете. Ја изневерувал со многу девојки од кои некои не знаеле дека тој е во врска.