Вирово
Не знам што попрвао да Ви препорачам: да ги прочитате думите од Петре М. Андреевски за Вирово, или прво да отидете таму, во таа „скрајотија“ па самото Вирово да Ви биде испеано во слики, тонови и мириси.
Вирово е Демир Хисарско село, името го добило сигурно по длабоките вировите кои ќе ги сретнете скоро на секој чекор. Тоа во исто време е и село со најмногу и назачувани валалници од памтивек. Оние малку жители кои останале таму, во секој период од годината ќе ве пречекаат со насмевка и отворено срце, па и вршник ќе подгреат за да ве угостат царски.
Во близина на селото се наоѓаат црквичките Св.Петка и Св.Илија и Св. Богородица Пречиста Ова е место каде и љубителите на рибарењето ќе најдат право место, а во исто време може да си обезбедат одлична гозба, ловејќи пастрмка поточарка, како и одлична можност за спелеолози почетници, затоа што во близина се наоѓа и напуштениот рудник од римско време – Дракчедол.