Една пациентка починала на Инфективната клиника во Приштина, откако била заразена со вирусот Западен Нил.
Пациентката починала пред неколку дена, а во болница била примена на шести септември поради зголемена телесна темепратура.
Директорот на националниот институт за јавно здравство изјавил дека пациентката починала на 14-ти септември. Тој додал дека постојат уште два сомнителни случаи од вирусот Западен Нил, кои исто така се примени на Инфективната клиника во Приштина.